Економија, финансии, бизнис

Контакт

Започна акцијата за чистење на коритото на Вардар, информира градоначалникот Ѓорѓиевски

Започна акцијата за чистење на коритото на Вардар, информира градоначалникот Ѓорѓиевски

Градот Скопје започна широка и координирана акција за темелно чистење на коритото на реката Вардар, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку објава на социјалните мрежи. 
Според него, станува збор за активност која била неопходна со години и која има за цел да го подобри изгледот на најпрепознатливото природно обележје на главниот град.

„Во тек е широка и координирана акција за темелно чистење на коритото на реката Вардар, симболот на нашето убаво Скопје.

Ова е чекор кој со години наназад недостасуваше за нашето најпрепознатливо природно обележје, на кое сите сме исклучително горди. Акцијата опфаќа целосно расчистување на коритото, долж течението на Вардар на територија на град Скопје.

Екипите на јавните претпријатија работат координирано, при што паралелно се расчистуваат пешачките и велосипедските патеки долж кејот.“ објави градоначалникот.

Тој додаде дека ова нема да биде еднократна активност, туку трајна практика.

Слично

Поврзани вести