ЗАПЛЕНТИ ЧАСОВНИЦИ „ТЕШКИ“ НАД 4 ИЛЈАДИ ЕВРА: турски државјанин сакал да ги внесе во Македoнија без пријава
Царинските службеници на Меѓународниот аеродром Скопје при контрола на куферите на еден патник од Турција откриле 22 часовници од брендот „Ника“ во вкупна вредност од 272 илјади денари или 4.422 евра кои тој не ги пријавил при влез во државата.
Од Царинската управа денеска информираа дека патникот кој пристигнал со лет од Истанбул, а бил саатчија по професија, на прашањето на царинските службеници дали има нешто за пријавување, одговорил дека нема ништо, по што бил упатен на контрола со скенер.
Часовниците се запленети, а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Фото: Принтскрин/Царина
Слично
