Запленети над 2 тони канабис од фабрика во Зелениково
МВР објави дека се запленети над два тона сув цвет од канабис од фабрика во Зелениково, а во акцијата биле вклучени и специјалци.
Од објект на правно лице за производство на марихуана за медицински цели, лоциран во општина Зелениково, одземени се 2014 килограми сув цвет од растението канабис.
„Канабисот е одземен од управителот Ш.Ф.(43) од Република Турција, поради утврдени нерегуларности во работењето, спротивно на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, за што веќе против правното лице и управителот од страна на МВР е поднесена кривична пријава по чл.95-в од Законот“, информира МВР.
Одземениот канабис е сместен во магацинот на Агенција за управување со одземен имот.
Слично
