Запленети 200 килограми марихуана во акција на МВР во дебарско
Околу 200 килограми марихуана се запленети во Дебар, со акција на Министерството за внатрешни работи.
Според извори на Алсат, акцијата се одвивала во близина на дебарското село Аме, а започнала синоќа по полноќ.
На случајот ќе се работи и во текот на денешниот ден, по што се очекуваат подетални информации.
Слично
