Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАПЛЕНЕТИ 19 МЕТРИ КУБНИ НЕЛЕГАЛНО ИСЕЧЕНИ ДРВА - голема акција во околината на Делчево

ЗАПЛЕНЕТИ 19 МЕТРИ КУБНИ НЕЛЕГАЛНО ИСЕЧЕНИ ДРВА - голема акција во околината на Делчево

Запленети 19 метри кубни нелегално сечени дрва на територија на ОВР Делчево, во координирана акција на Министерството за внатрешни работи и инспектори по шумарство, објави МВР. 

- Полициски службеници од ОВР Делчево, по претходно добиени оперативни сознанија, во содејство со инспектори по шумарство од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Шумска полиција, на 14 и 15.04.2026 на неколку локации во Делчево и с. Бигла запленија 19 метри кубни нелегално сечени дрва, и тоа 5,19 м3 борови дрва и 13.86 м3 дабови дрва. 
Дрвата се одземени од страна на Шумска полиција Делчево и по целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по член 69 од Законот за шуми против правно лице - пилана во с. Бигла, сопственост на В.С. (69) од с. Лески, како и против Г.Г.(65) и М.Г. (69), двајцата од с.Бигла - се посочува во објавата на МВР. 


Фото: Принтскрин/Фејсбук/МВР

Слично

Поврзани вести