Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАПЛЕНЕТА Е ПОГОЛЕМА КОЛИЧИНА ТАБЛЕТИ БЕЗ ДОКУМЕНТАЦИЈА - МВР вели дека во акцијата не учествувала американската ДЕА

ЗАПЛЕНЕТА Е ПОГОЛЕМА КОЛИЧИНА ТАБЛЕТИ БЕЗ ДОКУМЕНТАЦИЈА - МВР вели дека во акцијата не учествувала американската ДЕА

Не е точно дека американската агенција за спречување на трговијата со дрога, ДЕА, раководи со полициската акција за спречување на шверц со дрога, тврдат од Министерството за внатрешни работи за Фактор.

Од МВР засега само потврдуваат дека била запленета поголема количина таблети без потребна документација.

„Во координација со ОЈО работиме на расчистување на случајот“, велат кусо од МВР за Фактор.

Ова следува откако неколку медиуми блиски до опозицијата, објавија дека „пратка од неколку стотици килограми наркотици во петокот била пресретната движејќи се од аеродромот Петровец кон конечната дестинација, како што дознал „Инфомакс“ од сопствени извори.

Според информациите, се работи за пратка од неколку стотици килограми синтетичка дрога која била спакувана во кутии од делови за мобилни телефони. Нарачката на деловите за мобилни телефони била направена од една позната скопска мобилара.

Информациите за Инфомакс зборувале и дека во овој случај на шверц со дрога, наводно, биле вмешани се и царински службеници и полицајци вработени ГП Север.

Од МВР за Фактор неофицијално велат дека 90 отсто од овие информации не се точни, како и дека не е точно оти ДЕА учествува во случајот, туку тоа било истрага на МВР.

Но, оттаму не даваат повеќе детали, во интерес, како што велат, на истрагата.

Слично

Поврзани вести