ЗАПЛЕНЕТА Е ПИРОТЕХНИКА: Тошковски најави казни
Полицијата ќе има засилени мерки пред празниците, а министерот Панче Тошковски најави казни за употребата на пиротехнички средства.
Министерството за внатрешни работи интензивира активности за подобрување на јавната безбедност пред новогодишните празници.
„Превентивните мерки вклучуваат намалување на користењето пиротехнички средства, засилено присуство во трговските центри и други места со зголемена фреквенција на луѓе“, изјави Тошковски.
Тошковски информираше дека минатата недела во Скопје се запленети меѓу 30.000 и 40.000 пиротехнички средства. Направени се слични акции и во Валандово, Свети Николе и други градови, при што се поднесени соодветни пријави.
Слично
