Запечатена роба во Дебрца: кривична за охридска фирма по контрола на сув цвет
СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од Охрид и против неговиот управител, поради сомнение за сторено кривично дело по Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци.
Според информациите од МВР, станува збор за правно лице чија приоритетна дејност е одгледување на зачински, ароматични и лековити растенија. Пријавен е и Р.Д.(54) од Охрид, управител на правното лице.
Од МВР наведуваат дека во периодот од 28 април 2025 година до почетокот на март 2026 година, управителот не го известувал Министерството за здравство, односно не доставувал писмени известувања до надлежната комисија за настанати промени во количината на финален производ сув цвет.
Дополнително, според соопштението, цветот бил чуван во несоодветни простории.
При извршена контрола, пронајдената и затекнатата роба била запечатена во просториите на подружницата на правното лице во село Ново Село, општина Дебрца.
Во продолжение целото соопштение од МВР:
„СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од Охрид со приоритетна дејност одгледување на зачински, ароматични и лековити растенија и против Р.Д.(54) од Охрид, управител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 95-в од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци. Имено, второпријавениот во периодот од 28.04.2025 до почетокот на март 2026, не го известил Министерството за здравство, односно не доставувал писмени известувања до надлежната комисија за настанати промени во однос на количината на финален производ сув цвет, како и чување на цветот во несоодветни простории. При извршена контрола, пронајдената и затекнатата роба била запечатена во просториите на подружницата на правното лице во с.Ново Село, општина Дебрца.“
