Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАПАЛИЛ ОГАН ВО БЛИЗИНА НА ФАБРИКА: Полицијата уапси 27 годишен човек од битолското село Кременица

ЗАПАЛИЛ ОГАН ВО БЛИЗИНА НА ФАБРИКА: Полицијата уапси 27 годишен човек од битолското село Кременица

Пoлицијата приведе битолчанец осомничен за подметнување пожар. 

Жител на селото Кременица на 27 годишна возраст вчера попладне околу 19 часот и 20 минути e приведен под сомнение дека подметнал пожар.

Полицијата денеска соопшти дека тој бил затекнат како пали оган во близина на фабрика за вода, по што настанал пожар на сува трева.

Територијалната противпожарна единица Битола го изгаснала пожарот. 

Цело лето Македонија се бори со пожари, а досега беа приведени лица од скопско, прилепско, радовишко и други места поради подметнување на пожари. Стотици пожари имаше во јули и август. 

Слично

Поврзани вести