Економија, финансии, бизнис

Контакт

Запалил ѓубре и стари работи, па предизвикал пожар

Запалил ѓубре и стари работи, па предизвикал пожар

Кавадарчанец запалил ѓубре и стари работи, со што предизвикал пожар. 

В.Ќ.(54) од Кавадарци на 16 август околу 16.30 часот, на место викано „Шамаците“, во атар на селото Возарци, запалил ѓубре и стари работи кои биле оставени во необработлива нива и предизвикал пожар, кој потоа почнал да се шири, со што предизвикал значителна опасност. ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против В.Ќ. поради постоење основано сомнение за сторено кривичнo делo „предизвикување општа опасност“. Македонија неодамна се соочи со големи пожари. Дел беа подметнати, а дел предизвикани од невнимание. Приведени беа најмалку 10 лица. 

Слично

Поврзани вести