ЗАПАЛЕНО УШТЕ ЕДНО ВОЗИЛО НА КОМАНДИР ВО ИДРИЗОВО: Колата е пеплосана, изгорела и гаражата! (ФОТО)
Во три часот утринава, во населбата Илиден, целосно било запалено возилото од марката „Рено Клио“ на командирот во Идризово, ексклузивно дознава Фактор.

Огнот, освен што целосно го пеплосал возилото, ја зафатил и гаражата каде автомобилот бил паркиран.

За среќа во инцидентот нема повредени.
Од МВР го потврдуваат случајот.
„ На 26.06.2023 во 03.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во населба Илинден биле опожарени гаража и патничко моторно возило „рено клио“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.Б.(50) од Скопје. Повредени лица нема. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчитсување на случајот“, информираат оттаму.
Ф.Р.
ФОТО: Фактор
Слично
