Никола Тушев за МИА го потврди инцидентот и наведе дека во тек е увидот на местото на настанот, а во моментов е пристигната и екипа на крим техника од Скопје.
Возилата биле запалени во 5 часот наутро со молотови коктели а не биле паркирани едно до друго, туку на растојание.
Ова не е прв случај на палење автомобили во штипската населба Сењак, која има историја на вакви инциденти.
