Економија, финансии, бизнис

Контакт

Запалени два камиони кај СРЦ „Јане Сандански“, две лица уапсени

Запалени два камиони кај СРЦ „Јане Сандански“, две лица уапсени

Двајца скопјани се уапсени кои доцна синоќа запалиле два камиони во сопственост на фирма и едно патничко возило кај спортско-рекреативниот центар „Јане Сандански“ во Аеродром.

„На 08.10.2025 во 02:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг простор од Спортскиот центар „Јане Сандански“ на подрачје на општина Аеродром во Скопје биле опожарени товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки и товарно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, двете сопственост на правно лице од Скопје и патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Е.С. од Прилеп. 
Во 02:50 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а по преземени мерки и активности на полициски службеници од Полициската станица Аеродром и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, поради сомнение дека го предизвикале пожарот, на бул.„АСНОМ“ од слобода се лишени Ф.Ц.(23) и И.Ц.(24), двајцата од Скопје“, информира министерството.

Уапсените се задржани во полициска станица за понатамошна постапка.


Слично

Поврзани вести