Запален „Пасат“ во Карпош, огнот оштетил уште три возила и деловен објект
Патничко возило „пасат“ било опожарено рано утрово во скопски Карпош, а огнот оштетил уште три возила и деловен објект.
Според информациите од МВР, случајот бил пријавен околу 2:50 часот.
Од пожарот на „пасатот“ со скопски регистарски ознаки биле оштетени и „фолксваген туран“, „сангјонг“ и деловен објект.
Огнот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
Полицијата извршила увид и презема мерки за расчистување на случајот.
*Фотографијата е генерирана со ВИ.
Слично
