Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАПАЛЕН МЕРЦЕДЕСОТ НА ДРАГАН МИТКОВСКИ, БЛИЗОК СОРАБОТНИКА НА ДАНЕЛА АРСОВСКА: Оштетени се уште две возила

ЗАПАЛЕН МЕРЦЕДЕСОТ НА ДРАГАН МИТКОВСКИ, БЛИЗОК СОРАБОТНИКА НА ДАНЕЛА АРСОВСКА: Оштетени се уште две возила

Во скопската населба Ѓорче Петров рано изутрина бил запален автомобилот на Драган Митковски, кој важи за еден од најблиските соработници на градоначалничката Данела Арсовска. Митковски на последните избори дури беше и носител на листа од редовите на нејзината партија.

-На 09.08.2024 во 03.05 часот од Бригадата за противпожарна заштита – Скопје во СВР Скопје е пријавено дека на територија на Општина Ѓорче Петров било опожарено патничко моторно возило ‘мерцедес а класа’ со скопски регистерски таблички, сопственост на правно лице од Скопје. Од пожарот зафатени се и патничко моторно возило ‘хјундаи’ и ‘сузуки свифт’ во делот на браниците и ретровизор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот”, велат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Во јавноста се зборува дека односите помеѓу Митковски и Арсовска во моментов не се најсјајни и тоа резултираше со промена на директори на дури три скопски јавни претпријатија. Градоначалничката Арсовска наеднаш ги смени директорите на ЈП Водовод и канализација, Градски паркинг и Комунална хигиена за кои се шпекулира дека биле луѓе од доверба на Митковски.


Слично

Поврзани вести