Запален автомобилот на командиратот на затворот Идризово по акцијата пред два дена
Утрово на паркингот пред затворот во Идризово било опожарено возилото на командир вработен во скопскиот затвор во Идризово. Како што информира Аваз.мк, возилото било паркирано на паркингот додека командирот бил на работа. Счучајот е пријавен во полиција. Екипите на МВР се на местото на настанот, се врши увид.
Во текот на неделава имаше полициска акција за утврдување на одговорност за вработените во затворот Идризово кои не покажале будност односно замижале пред феноменот внесување ладно оружје, наркотични средства, мобилни телефони и други забранети предмети.Кој конкретно ќе сноси одговорност, управата на затворот или други лица од службите, министерот Никола Тупанчевски рече дека останува да се види каде е направен пропустот. Тој истакна дека имало забелешки од типот дека има луѓе кои се назначени, директори и други припадници на службите, а кои не ги исполнуваат условите да бидат на таа позиција.
Слично
