Запален автомобилот кој го возел градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш
Во текот на ноќта бил запален автомобил што го управувал градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш. Возилото, според информациите, е сопственост на неговата сопруга Фатима Османовска, објави порталот „Скопје1“.
Настанот се случил околу 3 часот по полноќ. Според неофицијални информации, сигурносни камери снимиле маскирано лице кое истурило запалива течност врз возилото, по што автомобилот се запалил. Сопствениците го забележале пожарот, по што биле повикани надлежните служби.
На местото интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, која го изгаснала пожарот.
Во инцидентот нема повредени лица. Полицијата извршила увид и работи на расчистување на случајот.
Слично
