ЗАПАДНИТЕ ДИПЛОМАТИ ВО ЗЕМЈАВА КАТЕГОРИЧНИ: Без истрага за прислушувањето нема излез од кризата!
Западните дипломатски претставништва во Македонија се категорични дека без истрага за прислушувањето не може да се излезе од кризата .
Aмбасадата на САД во Скопје известува дека мора да се почитуваат законите и сите политички и административни субјекти да соработуваат со специјалното обвинителство, бидејќи само обвинителството може да спроведе темелна истрага што ќе ја изведе земјата од кризата.
„Специјалното обвинителство треба да има можност да спроведе темелна и независна истрага, ослободено од опструкции и одложувања од страна на владините институции а политичките партии треба да ги поддржуваат овие процеси.
Согласно Договорот од Пржино воспоставување на одговорноста за прислушувањето и владините злоупотреби се клучен чекор за ставање крај на политичката криза и за враќање на земјата на патот кон ЕУ и НАТО“, велат од амбасадата на САД, пренесе Фокус.
Aмбасадорот на Велика Британија, pak Чарлс Гарет, на социјалните мрежи напиша дека „ако не се истражат тврдењата за прислушувањето, одлуката на политичката криза не може да биде трајна“.
