Западен Балкан клучна политика на ЕУ: Што вели Меркел за судбината на Македонија и Албанија
Брисел е „определен да го продолжи проширувањето и дека тоа е клучна политика на Унијата.
Цврсто стоиме на европската перспектива за Западен Балкан и ги поддржуваме земјите на тој регион во нивните реформски напори. Ова е соопштено од кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел .
-Поради доцното објавување на извештаите за земјите, рокот за одлука за отворање на почетни преговори со Северна Македонија и Албанија беше краток. Пред оваа одлука, Сојузната влада мора да добие согласност и од Бундестагот-кажано е од кабинетот на Меркел на прашањето да ја прекоментираат одлуката на Советот на ЕУ да одговори на покренување на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија-пренесуваат медиумите од регионот.
Европската унија во средината на овој месец ја одложи одлуката за покренување на пристапни преговори со Албанија и Северна Македонија.
Скопје и Тирана добија нов термин, октомври годинава, кога членките на ЕУ ќе се изјаснат за тоа дали овие земји ќе почнат преговори.
Во заклучоците на Советот на ЕУ е повторено дека Брисел е „определен да го продолжи проширувањето и дека тоа е клучна политика на Унијата“.
