Економија, финансии, бизнис

Контакт

Западен Балкан ќе добие 650.000 вакцини од ЕУ, објави премиерот Заев

Западен Балкан ќе добие 650.000 вакцини од ЕУ, објави премиерот Заев

Премиерот Зоран Заев соопшти дека Европската Унија обезбедила 650.000 вакцини за Западен Балкан, за што бил информиран од страна на шефицата на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

-Во телефонски разговор со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен разговаравме за соработката меѓу Европската Унија и земјите од Западен Балкан во овие услови на здравствена криза. Претседателката ме извести дека ЕУ обезбедува 651.000 дози вакцини за заштита од КОВИД-19 како директна помош за граѓаните на земјите од Западен Балкан, а соодветен дел од нив согласно бројот на жители во текот на април ќе пристигнат и во Северна Македонија. Заеднички констатиравме дека европската соработка и солидарност мора да бидат на прво место во услови на глобална пандемија и загрозено јавно здравје и ја потврдивме обостраната силна заложба за забрзана интеграција на регионот кон Унијата, напиша премиерот Заев во објавата на Фејсбук.


Слично

Поврзани вести