ЗАОСТАНАТИОТ ДОЛГ ЗА ВОДА АКО СЕ ПЛАТИ ДО 2. АПРИЛ ЌЕ БИДЕ БЕЗ КАМАТА: Акција на ЈП „Водовод и канализација“
Јавното претпријатие „Водовод и
канализација“ – Скопје ја информира јавноста дека акцијата за отплата на
долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање е во тек.
„Акцијата e започнaта на 17 февруари 2025 година и ќе трае заклучно со 2 април 2025 година. Сите корисници кои имаат заостанат долг за потрошена вода, било да е тужен или редовен, можат да ја искористат можноста за плаќање на рати без пресметана камата“, соопштуваат од претпријатието.
Одлуката за спроведување на оваа акција не се однесува на органите на државната и локалната власт, како и на други државни органи, институции кои вршат дејности од јавен интерес, агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините.
„По истекот на овој период, одлуката престанува да важи“, додаваат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
