Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заниер: Собранието треба да започне со работа согласно демократските принципи

Заниер: Собранието треба да започне со работа согласно демократските принципи

Генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер го повика Собранието да започне со работа, а политичките лидери да стават крај на продолжената политичка криза во интерес на граѓаните. 

Заниер во писмената изјава по средбата со македонските политичари, наведува дека од особена важност е да се врати довербата во институциите, осудувајќи ги неодамнешните провокативни пораки и инциденти кои би можеле да доведат до влошување на меѓуетничките односи. Вели дека Охридскиот договор е од клучна важност за заштита и унапредување на правата на заедниците. ­

„Надминувањето на политичката пат­позиција и враќањето на политичката стабилност мора да бидат највисок приоритет. Клучот за решението лежи во рацете на политичките актери кои треба да се справат со предизвикот и да ја решат кризата за доброто на сите граѓани. Резултатите од декемвриските избори во 2016 година овозможија солидна основа за формирање влада и Собранието треба да започне со работа, согласно демократските принципи и владеењето на правото“ - наведува Заниер. 

Тој се сретна и со шефот на државата, Ѓорѓе Иванов кој ги повторил ставовите дека има правен и политички аспект за излез од состојбата. Имаше и поединечни средби со лидерите на петте парламентарни политички партии. 

Слично

Поврзани вести