„Жан Моне“ официјално откажан откако ВМРО-ДПМНЕ се налути поради Вељаноски
Поради обидот за притвор на екс-претседателот на Собранието, Трајко Вељановски, претстојната рунда разговори во дијалогот „Жан Моне“, што требаше да се одржи од 28 февруари и 1 март во Скопје, е откажана поради неможноста да се постигне меѓупартиски компромис, потврдија за МИА европратениците кои го олеснуваат процес.
Европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, кои работат на тоа преку помирување на власта и опозицијата да се продолжи со реформските процеси, биле известени дека нема можност за одржување на новата предвидена рунда.
-Смислата на „Жан Моне“ е создавање атмосфера на соработка, на договор, барање компромис, ако тоа не е можно, ако некој вели дека тоа за него не е возможно, тогаш сето тоа нема никаква смисла, изјави Вајг за МИА.
Тој не сакал да посочи која страна е одговорна за неопределеното одложување. Во моментов Вељановски останува недопирлив за судските власти откако не му беше симнат пратеничкиот имунитет во Собранието.
Опозициската ВМРО ДПМНЕ неодамна соопшти дека го суспендира учеството во процесот поради одлуката за притвор за нивни истакнати членови.
Засега од Европскиот парламент уверуваат дека процесот не е мртов.
