Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАМРЗНАТА Е СМЕТКАТА НА РАШКОВСКИ И ИМОТОТ НА НЕГОВИТЕ ДВЕ ДЕЦА - Кривичен суд постапи по барањето на ОЈО за организиран криминал

ЗАМРЗНАТА Е СМЕТКАТА НА РАШКОВСКИ И ИМОТОТ НА НЕГОВИТЕ ДВЕ ДЕЦА - Кривичен суд постапи по барањето на ОЈО за организиран криминал

Судот ја замрзна сметката на екс генералниот секретар на Владата Драги Рашковски. 

Од ОЈО за организиран криминал кажуваат дека Кривичен суд постапил по нивното барање, но не даваат иницијали и не кажуваат за кој предмет станува збор, туку само информирфаат дека е замрзнат имотот на лице кое се сомничи за злоупотреби при јавни набавки. 

Сепак, од известувањето се насетува дека станува збоир за Рашковски, кој го префрли својот имот на две малолетни деца. 

„Во рамките на истражната постапка што се спроведува во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, против четири лица, за злоупотреба на службената положба и овластување при спроведување на постапки за јавна набавка, предметниот јавен обвинител, со цел да не дојде до осуетување на намирувањето на оштетното побарување во текот на кривичната постапка, побара од Основниот кривичен суд – Скопје да определи привремени мерки за обезбедување на имотно-правно барање. Во предметот како оштетена се јавува државата со оштетно побарување во вкупен износ од 17.642.237 денари или 287 илјади евра.

Уважувајќи го барањето, судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје донесе Решение за привремена мерка со кое спрема едно од осомничените лица е определена привремена мерка – забрана за располагање со средства од сметка на која осомничениот како физичко лице има овластување да располага. Со истото Решение спрема две малолетни лица, на кои првоосомничениот во предметот е законски застапник, е определена привремена мерка – Забрана за оттуѓување или оптоварување на своите недвижности или стварни права кои врз недвижноста се запишани во корист на законскиот застапник, со прибелешка на таа забрана во јавна книга или да ги даде под закуп. Воедно, спрема едно правно лице во сопственост на трет осомничен судијата на претходна постапка определи привремена мерка – Забрана за отуѓување или оптоварување на движни ствари.

Привремените мерки за обезбедување на имотно-правното барање ќе да траат најдолго до правосилно завршување на кривичната постапка или до поинаква одлука на судот.

Во исто време претходно изречените мерки за обезбедување на осомничените се продолжени за нови 30 дена“, се вели во соопштението од Обвинителството.

За Рашковски се води постапка под сомнение дека како генерален секретар купил софтвер за автоматско казнување на сообраќајни прекршоци, иако Министерството за внатрешни работи тоа не го побарало и не го користи софтверот. Тој во истражниот затвор, односно во притвор, беше задржан неполни два месеци.

Слично

Поврзани вести