Замрзнат имотот на екс-министрите Спасеноски, Делев, Димовски и Цветков
Поранешните министри за земјоделие - актуелниот пратеник Љупчо Димовски, Михаил Цветков и Ацо Спасеноски, како и на екс-заменик министерот за економија Христијан Делев во моментовц се со замрзнат имот по барањето на Обвинителството за организиран криминал.
По петочната полициска интервенција и нивно апсење, Цветков и Делев се во истражен затвор, Спасеноски е во куќен притвор поради нарушено здравје. На Димовски му е „симнар“ пратеничкиот имунитет со што се исполнети условите и тој да добие притвор.
Четворицата поранешни владини функционери се под истрага за злоупотреба на службена положба и овластување при доделување на земјоделска помош и давање под закуп државно земјоделско земјиште со што предизвикале штета од над 1,4 милиони евра на Буџетот.
