ЗАМП става „клуч на врата“?
ЗАМП до петок би можело да се соочи со одземање на дозволата за работа. Можноста од ваков епилог ја најави министерката за култура во синоќешното издание на емисијата „Топ тема“, доколку комисијата од министерството задолжена да истражи дали ЗАМП ги отстранило десетината забелешки во законскиот рок од 60 дена, за да може непречено да си ја врши својата работа.
Покрај тоа, на ЗАМП му виси над глава и истрагата на мешовитата комисија од министерството за култура и министерството за информатичко општество за тоа дали функционира софтверот.
Слично
