ЗАМИСЛЕТЕ МАКЕДОНСКИТЕ ПАРТИИ ДА ЈА ПРИФАТАТ ПОЛИТИКАТА НА УЦЕНИ НА ДУИ И ПОСТОЈАНО ДА ИСПОРАЧУВААТ ЧИСТО ЕТНИЧКИ ПРЕДЛОЗИ: Не може така другари, вели Каракамишева
Изминатите неколку денови често се споменува предлогот на ДУИ, претседателот на државата да се бира во Собранието.
Оваа нивна идеја наиде на лавина реакции од стручната јавност, меѓу кои се огласи и професорката Тања Каракамишева.
„Кај УЦЕНУВАЧИ уште и тотални политички аналфабети.
Не прават разлика меѓу ОБЛИК НА ВЛАДЕЕЊЕ и СИСТЕМ НА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ВЛАСТ.
Второ, замислете македонските партии да ја прифатат политиката на уцени на ДУИ и другите албански партии и постојано да условуваат и испорачуваат чисто етнички предлози!
Не може така другари!
Не се води така политика!“ напиша таа на Фејсбук.
Слично
