Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЗАМИСЛЕТЕ МАКЕДОНСКА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ДА ЕМИТУВА ИНСЕРТИ КАКО ХЕЛИКОПТЕР ФРЛА РАКЕТИ ВО АРАЧИНОВО“? Димитровски прашува, „како тоа ќе се толкува од Албанците?“

„ЗАМИСЛЕТЕ МАКЕДОНСКА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ДА ЕМИТУВА ИНСЕРТИ КАКО ХЕЛИКОПТЕР ФРЛА РАКЕТИ ВО АРАЧИНОВО“? Димитровски прашува, „како тоа ќе се толкува од Албанците?“

Заменик министерот за надворешни работи Зоран Димитровски, во гостувањето на Само вистина на Канал 5, рече дека ДУИ никако не смее да се користи од војната од 2001 година за време на предизборната кампања.

„Вие не смеете со таква реторика да ги поттикнувате, вие напротив, како граѓанин на Македонија, Албанец со сите права на Албанците кои што еве сте ги реализирале меѓу другото, не можете да потсетувате сега на војната од 2001 година. Зошто? Затоа што замислете некоја македонска политичка партија, да речеме СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ да излегува на митинзи со слики од војната како бомбардира не знам хеликоптери го надлетуваат Арачиново и фрлаат ракети таму. Како тоа ќе се толкува од страна на Албанците? Значи вие не можете со тие слики сега да ги плашите, односно да ги потсетувате на некој начин и Албанците дека сте биле во револуционерна УЧК и да ги плашите Македонците“, рече тој. 

Тој вели дека на таков тип на кампања воопшто не и местото ниту на локални ниту на национални избори. 




Слично

Поврзани вести