Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАМИР МЕХМЕТИ: Човекот кој цел личен рејтинг го билдаше со антиалбански ставови, дојде во ситуација цел ден да моли пратеник Албанец

ЗАМИР МЕХМЕТИ: Човекот кој цел личен рејтинг го билдаше со антиалбански ставови, дојде во ситуација цел ден да моли пратеник Албанец

Замир Мехмети, кого јавноста го памети како гласен граѓански активист и учесник во Шарената револуција, се огласи преку својот фејсбук профил по повод вчерашните случувања во Собранието, односно неуспехот да се формира ново парламентарно мнозинство, кое би и изгласало недоверба на Владата. 
Тој смета дека во оваа, како што ја нарекува политичка драма, лидерот на Левица Димитар Апасиев е најголемиот губитник, или, според него, Че Гевара од Али експрес.
Според Мехмети, човекот кој цел личен рејтинг го билдал со антиалбански ставови, вчера се довел во ситуација цел ден да моли и чека еден пратеник Албанец да му ја заврши работата.
„Че Гевара од Али експрес ака Апасиев е најголем губитник од оваа политичка драма.

Прво тој докажа дека е политички потрчко на Вмро.

Второ, дека човекот кој цел личен рејтинг го билдаше со анти албански ставови се доведе до ситуација денес цел ден да моли и чека, замислете, еден пратеник албанец за да му ја заврши работата.

Маските паднаа, па така на Сталин од Велес му посакувам добра и мирна ноќ“, напиша Замир Мехмети на својот фејсбук профил.

Слично

Поврзани вести