Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

Акциите на Боинг скокнаа за 2,1 отсто откако производителот на авиони најави голема промена во управувањето.

Извршниот директор на Боинг, Дејв Калхун, најави дека ќе поднесе оставка на крајот на годината по серијата несреќи во еден од најголемите американски производители на авиони.

Ниту Лари Келнер, уште еден од лидерите на компанијата, не планира да се кандидира за реизбор на висока функција, пренесува АП.

Боинг, исто така, објави дека Стен Дил, претседател и извршен директор на единицата за комерцијални авиони, ќе се повлече од компанијата, пренесува агенцијата Бета.

Промени во раководството

Акциите на Боинг скокнаа за 2,1 отсто откако производителот на авиони најави голема промена во управувањето.


Компанијата кон крајот на февруари соопшти дека шефот на нејзината програма за производство на патнички авиони 737, Ед Кларк, заминува како дел од промената на раководството неколку недели откако вратата паднала од авионот за време на лет над Орегон.

Акциите на Боинг паднаа за повеќе од 27 отсто во 2024 година по инцидентот.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести