Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАМИНА СИМОНА ПАЛЧЕВСКА: По кратко боледување почина една од омилените професорки на студентите

ЗАМИНА СИМОНА ПАЛЧЕВСКА: По кратко боледување почина една од омилените професорки на студентите

Прерано замина авторката и професорка од Педагошкиот факултет св.Климент Охридски, Симона Палчевска, која почина на само 51 година. 

Палчевска важеше за врвен професор, обожаван меѓу студентите, а исто така беше соработник и автор во Просветно дело. Таа починала по кратко боледување. 

- Со голема тага и неверување ја примивме тажната вест за прераната смрт на нашата долгогодишна авторка, соработничка и голема пријателка

проф. Симона Палчевска.

Почивај во мир драга наша професорке

Сочуството до семејство - стои во објавата посветена на професорката од „Просветно дело“. 


Оваа објава предизвика бројни коментари, од кои многумина посочија дека професоркта била посветена на студените, кои ја обожавале поради нејзината пристапност. 


Од Палчевска по трагичната вест се простуваа и нејзините пријатели, кои во неверување соподелуваа фотографии и убави зборови за прерано заминатата професорка. 

Меѓу нив и професоката Ана Мартиноска, која без криење на емоциите, со многу љубов ја сподели веста за смртта на Палчевска на својот фејсбук профил.

- Како се вели збогум по 37 години споделување на искрено пријателство, големи емоции, безброј спомени и тони насмевки?! Симона моја најмила, оставаш кратер во срцево, но и празнина во светот, без твојата ведрина ќе биде многу помрачно место. Во шок и неверица, знам само едно - очајно ќе им недостасуваш на сите кои макар на миг си ги допрела со твојата ретка и убава душа, особено на нас кои бевме благословени да те имаме за своја - напиша Мартиноска на својот Фејсбук профил. 


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести