Замина легендарниот Гањо - го следеше Тито со камера и прв ги сними рушевините од скопскиот земјотрес
Почина македонскиот легендарен снимател Ѓоко Поповски, познат по тоа што ги направи првите снимки од скопскиот земјотрес во 1963 година.Со децении беше дел од телевизиски редакции и документарни екипи, а беше еден од ретките сниматели кои ги снимаше настаните со југословенскиот претседател Јосип Броз Тито.
Популарниот Гањо беше сведок на неколку војни и природни катастрофи,земјотреси низ светот. Со неговиот фото објектив документирал многу потресни моменти и човечки судбини.
Снимателот на кого му се поклонува цела снимателска фела и човек почитуван и ценет од целата светска јавност, со голем број на награди и признанија, кобното утро на 26 јули бил во својот дом, речиси ништо не навестувало на доаѓањето на големата катастрофа и се било мирно и тивко.
Гањо претходниот ден купува десет филмови за неговиот фотоапатрат , незнаејки дека фотографиите од тие филмови ќе го обиколат целиот свет, откако скопјани ќе се разбудат во рушевините во 5 часот и 17 минути, а тој прв ќе ги документира човечките судбини.

