Економија, финансии, бизнис

Контакт

Замина Исуф Кадриу, заменик главен одговорен уредник на телевизијата АЛСАТ

Замина Исуф Кадриу, заменик главен одговорен уредник на телевизијата АЛСАТ

Колегите од телевизија „Алсат“ споделија тажна вест со јавноста. 

Колегата Исуф Кадриу почина на 52-годишна возраст од срцев удар во туристичкиот град Шенѓин, Албанија, каде бил на одмор со семејството. 

Кадриу е оженет и татко на три деца. Средното образование го завршил во гимназијата во Гњилане, додека новинарство дипломирал на Универзитетот во Тирана. 

Од 2008 година е заменик главен одговорен уредник на телевизијата АЛСАТ, каде што даде извонреден придонес во процесот на организирање и водење на работата во информативната програма на телевизијата, објави телевизиајта.

Во текот на работата се истакнуваше по големата професионална посветеност и колегијалност. Новинарската кариера на Исуф Кадриу започна во 1998 година во телевизијата ЕРА, а од 1999 година во Програмата на албански јазик на Македонската телевизија, каде работеше како уредник на вести до 2008 година, вклучително и чувствителниот период на конфликтот во 2001 година, каде со посветеност, не штедејќи ништо од професионален аспект придонесе за правично и објективно информирање за случувањата на терен, а честопати и самиот беше во улога на воен известувач од фронотот. 

Паралелно со неговите ангажмани во медиумите во земјава, од 2001 година Кадриу е постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје, од каде известува за политички, економски, културни случувања и настани од Скопје и земјава. 

Колегата Исуф Кадриу ќе остане запаметен како професионалец кој придонесе во динамиката на новинарството, како промотор на објективното следење на настаните и како професионален политички и општествен аналитичар.Сите свои професионални задачи секогаш ги изведуваше почитувајќи го принципот на тимска работа и почитувајќи ги професионалните стандарди и етичките норми.

Вечна му слава! - напишаа во објавата. 

Слично

Поврзани вести