Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАМИНА ЧОВЕК ПАТРИОТ, ОД КОЈ СЕ УЧИ КАКО СЕ САКА ТАТКОВИНАТА: Асани, Спасовски и Куртовски се зборуваа од Чевдет Комерт

ЗАМИНА ЧОВЕК ПАТРИОТ, ОД КОЈ СЕ УЧИ КАКО СЕ САКА ТАТКОВИНАТА: Асани, Спасовски и Куртовски се зборуваа од Чевдет Комерт

Почина Чевдет Комерт, иселеник во Република Труција, родум од Македонија, кој важеше за голем заштитник на македонските иселеници, но воедно борец за Македонија исто како и за Турција. 

Како што го опшишуваат нашите сограѓани: „мостот кој ја поврзуваше македонската дијаспора во Маниса, Република Туркије со нашата татковина“.

По неговата смрт, на социјалната мрежа Фејсбук денеска се збогуваат многу нашинци кои имаат само пофални зборови за Чевдет. 

- Замина од овој свет Cevdet Comert, човек кој беше пример за патриот, човек од кого можеше многу да се научи за како се сака ТАТКОВИНА.

Нашинец и голем РЕКАНЕЦ иселен во Р. Турција во педесетитте, прв претседател на прво основано Македонско здружение во Турција во градот Маниса. 

Човек за кого треба многу време да се пишува за неговите дела,човек кој пречекал секој еден кој доаѓа од Македонија а бил гостин во Маниса, од Претседател на држава, до обичен граѓани, секого почестил, нагостил и испочитувал….

Голем другар, голем борец, голем дипломат, со младите-млад, со старите-стар, со државниците -државник, борец за својот милет, борец за своето родно место, борец за својата родна Македонија, но и голем борец за неговата Турција.
Со неговото заминување изгуби Река, изгуби Маниса, најмногу Македонија, но сепак неговите дела остануваат зацртани во Реканската историја .. 

Аллах Рахмет и Џеннет другар мој

Фамилијата да му е жива - напиша поранешниот директорот на Агенцијата за одземен имот, Фатон Асани на неговиот Фејсбук профил. 

Еве ја неговата објава:


Покрај Асани, од Чевдет се збогуваше и поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски. 

- Со длабока тага ја примив веста за смртта на мојот пријател, Cevdet Comert, првиот претседател на здружението на македонските иселеници во Маниса, Турција, и голем пријател на Македонија и Македонците.

Сочувство до семејството и блиските. Нека почива во мир - објави Спасовски. 

И поранешниот градоначалник на Маврово и Ростуште, Медат Куртовски со емотивна објава по загубата на голем човек. 
- Денеска не напушти нашиот голем пријател Cevdet Comert, мостот кој ја поврзуваше македонската дијаспора во Маниса, Република Туркије со нашата татковина.

Пред два дена во Жировница го испивме нашето последно заедничко кафе. Ќе го паметам како голем борец за поврзување на сите нашинци и остварување на правата на нашата дијаспора - истакна Куртовски. 


Забележливо е дека покрај нив на социјалните мрежи од Комерт се збогуваат голем број луѓе, уште еден доказ за неговата големина. 
Фото: Фејсбук

Слично

Поврзани вести