Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

Странски волонтери градат живеалишта за семејства со ниски примања во Велес, а нивната активност денеска ја помогна и поранешниот новинар и уредник, денес заменик министер во Министерство за надворешни работи, Зоран Димитровски. 

Тој посочи дека во организација на Хабитат Македонија во Велес треба да никанат 26 нови домови. 

- Денеска во Велес учествував во волонтерска акција, во организација на Хабитат Македонија, што ќе помогне во изградбата на 26 нови домови за семејствата со ниски примања од Општина Велес. 

Во акцијата учествуваа единаесет волонтери од Амбасадата на САД предводени од Никол Варнс, заменик шеф на мисијата, претседателот на советот на Општина Велес, Даниел Јаневски, како и претставници на семејствата што живеат во населбата, каде што со помош на Хабитат Интернешнал веќе се изградени 6 згради - објави Димитровски на неговиот Фејсбук профил. 


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести