Заменик-министерот од Демократски сојуз поднесе оставка во Владата
Заменик-министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски денеска поднесе оставка од функцијата.
Тој доаѓа од редовите на Демократски сојуз, од каде вчера потврдија дека излегуваат од владината коалиција. Информацијата ја потврди за МИА претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов.
Премиерот Димитар Ковачевски претходно изјави дека очекува функционерите на ДС да поднесат оставки, оценувајќи дека одлуката на Демократскиот сојуз не претставува никакво нарушување на стабилноста на владиното мнозинство.
Слично
