Заменик-министер од Алтернатива ако остане дел од Владата можно е да биде исклучен од партијата
Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши,нема јасен одговор зошто заменик-министерот за култура Даим Лучи, кој доаѓа од неговата партија, не дал ниту оставка, ниту пак е на списокот за разрешување во Собранието. За претседателот на Алтернатива можно е и да има некаков договор. Неговата партија одлуќчи да излезе од владината коалициија, со влегувањето на Алијанса на Албанците.
„Како партија треба да одлучиме што ќе правиме со луѓето што заминуваат и не ги почитуваат партиските одлуки бидејќи одлуката за повлекување од Влада и за излегување во опозиција е едногласно усвоено на Централното собрание. Ќе го дискутираме во партијата неговиот потег и ќе одлучиме што ќе правиме бидејќи е прекршување на одлуката на партијата“, рече Гаши во синоќешното гостување во емисијата 200 на Алсат телевизија.
Гаши додаде дека ако има договор помеѓу Лучи и власта, тогаш тој го крши партискиот Статут. Лучи го нема на списокот за замена во Собранието, доека другите двајца заменици-министри од Алтернатива ги има на предложениот список.
Се смета дека тој е кадровско решение на пратеникот Скендер Реџепи Зеид, кој на 11 јуни минатата година ја напушти Алтернатива и оттогаш настапува како независен пратеник во законодавниот дом. Со тоа можеби се очекува од Реџепи Зеид да гласа „за“ предложената реконструкција на Владата.
