Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАМЕНИК ГРЧКАТА АМБАСАДОРКА: Сите функционери целосно да го почитуваат Договорот од Преспа

ЗАМЕНИК ГРЧКАТА АМБАСАДОРКА: Сите функционери целосно да го почитуваат Договорот од Преспа

Заменичката амбасадорка на Грција, Георгиа Андреади ги повика сите функционери во земјава целосно да ги почитуваат, да се придржуваат и да ги спроведуваат со добра волја сите меѓународно обврзувачки договори како што е Преспанскиот договор. 

Како што рече, ова е со цел за да покажат пред меѓународната и европската заедница дека се искрени  и посветени кон својата евроатлантска иднина.

„Лична забелешка би сакала да појаснам дека што се однесува до Грција институциите не се исто со личноста. Во едно демократско општество кога институцијата се преклопува со личноста, не може да биде демократско општество. Според тоа, сакам да повторам дека ние очекуваме Северна Македонија во добра волја и во духот на добрососедските односи, кои апсолутно ние можеме да ги градиме и заедно да одиме кон иднината целосно да се придржува до Преспанскиот договор“, рече Андреади.

Претседателката Гордана Силјановска Давкова одбива да ги коментира секојдневните закани од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за можно вето за европските интеграции на земјава поради, како што вели тој, непочитување на Преспанскиот договор од нејзина страна.

Претседателката кога даваше заклетва во Собранието не ја спомна придавката „Северна“ и оттогаш, јужниот сосед постојано опоменува за почитување на Договорот од Преспа. Со Договорот од Преспа е решен спорот за името меѓу Македонија и Грција. Македонските и грчките власти го потпишаа на 17 јуни 2018 година во Нивици. 

Слично

Поврзани вести