Заменици-министри денеска ќе положат цвеќе во Градскиот-парк во Скопје
Владината делегација денеска претпладне ќе го одбележи 23 Октомври - Ден на македонската револуционерна борба со положување на свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк, Скопје.
Владината делегација ќе биде составена од Филип Николоски, заменик на министерот за финансии, Роберт Алаѓозовски, национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка и Беким Реџепи, заменик на министерот за транспорт и врски.
Слично
