Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заменета плочата со „бугарски букви“ на споменикот на Турунџев во Битола

Заменета плочата со „бугарски букви“ на споменикот на Турунџев во Битола

Општина Битола ја замени спомен таблата на споменикот на Херојот Алаксандар Турунџев која не беше напишана со македонска кирилица. 

„Како што можете да забележите од сликата, сега е сè во ред, напишано на македонски јазик, со македонска кирилица. Вечна слава на херојот!“, ообјави ренмиранит типограф Ласко Џуровски.

Општина Битола пред една недела рече дека ќе изработи нова спомен - плоча со современ македонски фонт, целосно усогласен со правописните норми на македонскиот литературен јазик, по откривањето на споменикот на Александар Турунџев и реакциите дека за натписот е користен фонт со бугарски букви.

Споменикот на војводата Александар Турунџев, кој осум години стоеше во дворот на Општина Битола, пред една недела беше свечено откриен на кружниот тек кај Ат-пазар, местото каде што бил погубен пред 120 години. 

Слично

Поврзани вести