Заменет потпорниот ѕид кој се урна од дожд во Скопје
Град СКопје известува дека екипите на ЈП Улици и патишта ги завршија активностите за изведба на нов потпорен ѕид на булеварот „Борис Трајковски“ кај семафорите во населбата Пинтија кој се урна за време на поројниот дожд и поплавите на 29 мај при што беше загрозена безбедноста на возачите.
„Целосно се отстрани стариот небезбеден бетонски потпорен ѕид кој беше паднат заради временските неприлики, се изработи проектното решение од ЈП Улици и патишта врз основа на кое се изведени армирачко бетонските работи на новоизградениот потпорен ѕид каде се постави дренажен систем“, објави Град Скопје.

Во невремето исто така беше урнато и дел од уличното осветлување на булеварот, при што за сообраќај привремено беа затворени трите коловозни ленти.
„ЈП Улици и патишта заедно со службите од Градот Скопје изведбата на потпорниот ѕид ја извршија по сите стандарди за долгорочно решавање на проблемите со наносот на вода врз овој потег, а соодветно ќе биде вратена во првобитна состојба и пешачката патека по должината на булеварот“ се надополнува во информацијата.
Слично
