ЗАЛОЖИЛЕ ИМОТ ОД 1,1 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА КРЕДИТ ОД 325 ИЛЈАДИ - крзнарата „Димко Митрев“ од Велес зеде девизен инвестиционен заем
За инвестициски кредит кој го зела од една домашна банка, компанијата за крзно „Димко Митрев“ од Велес дала под хипотека и под залог и недвижен имот, но и машини, во вредност од над 1,1 милион евра.
Кредитот кој го зела компанијата изнесува 325 илјади евра.
Со оглед, пак, што заложениот имот надминува 5 проценти од капиталот на компанијата, таа за ова преку Берзата ја информира инвеститорската јавност.
Инаку, заложени се недвижен имот од близу 500 илјади евра, како и машини и опрема од пречистителна станица од над 610 илјади евра.
„Друштвото за производство и трговија на крзно и крзнени производи ‚Димко Митрев' а.д. увоз-извоз Велес, известува дека е воспоставен залог на недвижен и подвижен имот, склучен е Нотарски акт кон Договор за залог хипотека со својство на извршна исправа од 14 февруари годинава и Нотарски акт кон Договор за залог врз подвижен имот со својство на извршна исправа од истиот датум, во корист на заложниот доверител Стопанска банка АД Битола, во однос на веќе заложениот имот во сопственост на заложниот должник Димко Митрев АД Велес, кој е во вредност поголема од 5 отсто од капиталот на друштвото, и тоа хипотека врз недвижен имот сопсвеност на Димко Митрев а.д. Велес, со проценета вредност од 492.833 вра, како и невладетелски залог врз подвижен имот, односно машини и опрема за пречистителна станица со вкупно проценета вредност од 610.189 евра“, се вели во објавата преку берзата.
Се нагласува и дека поради обезбедување на побарувањата од Стопанска банка АД Битола во износ од 325.000 евра спрема должникот Димко Митрев ад Велес, кои произлегувааат од Договор за одобрување на долгорочен девизен инвестиционен кредит од 7 февруари оваа година.
Н.Н.Ф.
Фото: Општина Велес
