Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЖАЛНО Е ШТО МАКЕДОНИЈА СЕ МОЛИ НА ГОСПОД ДА ЗАВРНЕ ДОЖД“: Тошковски беше на Серта, гори меѓу полигоните Криволак и Пенуш

„ЖАЛНО Е ШТО МАКЕДОНИЈА СЕ МОЛИ НА ГОСПОД ДА ЗАВРНЕ ДОЖД“: Тошковски беше на Серта, гори меѓу полигоните Криволак и Пенуш

Продолжува битката со пожарите низ земјава, а вчера на планината Серта пристигнаа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, кој информираше дека избувнал пожар и меѓу полигоните Криволак и Пенуш. Двајцата ги посетија припадниците на полицијата, кои го гаснат огнот на планината Серта во штипскиот регион.

- Локациски пожарот се одвива зад стрелиштето Пенуш во насока на воениот полигон Криволак, но е далеку од полигонот Криволак. Полигонот е далеку од загрозен. Сепак ако продолжи со ова темпо ќе имаме сериозни проблеми со овој пожар, вели Ангелов.

Денеска, како што рече Ангелов, ќе бидат ангажирани сите хеликоптери и авиони за ставање на пожарот под контрола од Пенуш до Криволак. Ангелов истакна дека од левата страна на планината Серта има уште две жаришта, едното над штипското село Пухче, а второто во неготинскиот дел.

Според министерот Тошковски во идниот период мора да има системски решенија.

- Жално е што една држава како Македонија, мора да се моли на господ да заврне дожд, за да можеме да кажеме дека пожарите се изгаснати. Ова е недозволиво и она што сме денес е навистина е такво ниско ниво на способност на државата да се справи со ваков тип на предизвици и не смееме наредната година повторно да ни се случи ова. Поради тоа ќе се вложат максимални напори од страна на Владата да се фокусираме на суштинско и системско решавање на овој проблем, за да догодина не се соочуваме вака неспремни со оваков тип на предизвици, рече Тошковски.

Тошковски изрази благодарност до сите земји кои испратија професионалци, хеликоптери и авиони и помогнаат во гаснењето на пожарите во воздух.

фото: ФБ/Стојанче Ангелов

Слично

Поврзани вести