Жалбите на Бачев и Јаневски за листите отфрлени од Управниот суд
Управниот суд ги отфрли тужбите што ги поднесоа Народното движење за Македонија на Јанко Бачев и Социјалдемократската партија на Бранко Јаневски, затоа што нивните пратенички листи беа отфрлени од Државната изборна комисија.
Управниот суд оценил дека тужбите се неосновани, затоа што партиите не ги исправиле неправилностите во дадениот рок од ДИК.
Од ДИК соопштија дека одлуката на Управниот суд веќе стигнала кај нив.
Партијата на Јаневски имаше носители на листи чии имиња и презимиња беа многу слични со оние на СДСМ.
Кај Бачев имаше повеќе неправилности и тоа повеќе кандидирани луѓе од потребното, некомплетна документација и слично.
Бачев изјави дека тенденција има по секоја цена НДМ да не учествува на изборите.
Јаневски се правдаше дека имињата и презимињата едноставно така се погодиле слични или исти со кандидатите на СДСМ.
