Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЖАЛБАТА Е ОДБИЕНА: Двајцата даночни инспектори oд УЈП Штип остануваат во куќен притвор

ЖАЛБАТА Е ОДБИЕНА: Двајцата даночни инспектори oд УЈП Штип остануваат во куќен притвор

Двајцата осомничени даночни инспектори во подружницата на Управата за јавни приходи во Штип остануваат во домашен притвор. Основниот суд во Кочани ја одби жалбата на Кочанското обвинителство, кое бараше мерка – затворски притвор. 

Според Кочанскиот суд, советот одлучил да ги одбие жалбите на обвинителството и да ја потврди одлуката на судијата на претходна постапка. Сe работи за двајцата даночни контролори кои се товарат за примање поткуп. Тие на одговорните во дискотеката „Пулс“ им дојавувале кога ќе се вршат инспекциски контроли, а за возврат добивале скапи подароци. Еден од нив е брат на претседателката на Кривичниот суд во Скопје – Даниела Димовска.

Минатата недела, обвинителството отвори истрага против 11 луѓе, меѓу кои вработени во штипската и струмичката подружница на УЈП и во Државниот пазарен инспекторат. На шестмина од осомничените им се одредени мерки на претпазливост, а на уште едно лице му е изречена дополнителна мерка на претпазливост.

На 16 март годинава, во дискотеката „Пулс“ изби пожар каде загинаа 62 луѓе, а повредени беа околу 200. На повредите им подлегна и Владимир Блажев-Панчо, кој почина неколку месеци по трагедијата. Тој стана 63-та жртва на пожарот. 

Слично

Поврзани вести