„Жал ми е што уште со ококорени очи се дочекува кога некој татко сака да се грижи за своето дете и што општеството го отежнува тоа“
Познатата активистка од граѓанскиот сектор, Инес Ефремова, на Фејсбук сподели информација во која вели дека на нејзиниот сопруг, едвај му било дозволено да остане како придружба на нивната ќерка во болница.
„Ќерка ми е хоспитализирана од четвртокот и кога побаравме, од оправдани причини, да лежи со сопругот, првиот одговор беше нема шанси. Откако кажав дека Комисијата за спречување дискриминација донесе одлука со која на таткото мора да му се дозволи да го придржува детето, ми рекоа дека не им е познато тоа, ама потоа се активираа и најдоа место за сопругот.
Но, ова беше среќен исклучок, затоа што во моментот имаа слободна соба за изолација. Во повеќето случаи немаат, а одлуката на КСЗД предвидува таткото да биде сместен заедно само со други татковци, односно мажи. Ако во собите има жени, тогаш не смее детето да биде придружувано од машка личност.
Или, како и многу други закони и одлуки, имаме нешто на хартија што во пракса ниту може, ниту функционира.
Жал ми е што уште со ококорени очи се дочекува кога некој татко сака да се грижи за своето дете и што општеството го отежнува тоа“, напиша таа.
Слично
