„ЖАЛ МИ Е ШТО НЕ УСПЕАВ ДА Ѝ ГИ ОТВОРАМ ЕВРОПСКИТЕ ВРАТИ“: Битиќи со емотивна објава на социјалните мрежи
Поранешниот заменик претседател на Владата, Фатмир Битиќи деновиве со емотивна објава на социјалните мрежи.
Битиќи се огласи на Фејсбук со семејна фотографија, а поводот за оваа објава беше многу значаен настан за неговото семејство.
- Вечерва се чувствувам горд и полн со емоции – како вчера да беше кога првпат ја однесов во градинка. Денес стои пред мене како матурантка со животен сјај во очите и соништа пред себе - напиша Битиќи во објавата.
А потоа продолжи:
И покрај сите мои обиди и желби, жал ми е што не успеав да ѝ отворам европски врати, да ѝ овозможам повеќе перспективи и шанси овде, во татковината. Секој родител сонува да направи повеќе, да даде повеќе.
Но, знам едно – ти си борец, Калтрина. Ти си доволно силна, паметна и храбра да го најдеш вистинскиот пат, без разлика каде ќе те однесе животот. И јас секогаш ќе бидам тука, со срце полно љубов и поддршка.
Среќна матура. Денес светот е твој - заклучи Битиќи на крајот од објавата во која сподели и семејна фотографија заедно со матуратнтката.
Еве ја неговата објава: Фото: Притнскрин/Фејсбук
Слично
