Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЗАКРПИЛ“ БАБИЧКА ОД АНГЛИЈА КОЈА ПРЕСТОЈУВАЛА ВО ОХРИД - со повеќе нелегални трансакции и лапнал 28 илјади евра

„ЗАКРПИЛ“ БАБИЧКА ОД АНГЛИЈА КОЈА ПРЕСТОЈУВАЛА ВО ОХРИД - со повеќе нелегални трансакции и лапнал 28 илјади евра

Натурализиран охриѓанец измамил бабичка од Англија за која се грижел и која исто така престојувала во Охрид.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.С.Л.(41) со привремен престој во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“, соопшти МВР.

„Тој, на 21.09.2022 неовластено ја употребил банкарската картичка, сопственост на 86 - годишна жителка на Англија, со привремен престој во Охрид, за која се грижел, и без нејзино знаење извршил повеќе парични трансакции. Со тоа пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 1.700.000 денари, или околу 28 илјади евра (н.з.)“, се вели во соопштението од Полицијата.

Слично

Поврзани вести