Економија, финансии, бизнис

Контакт

Закрепнува Иле Стрезоски кој доби срце од почината Верица Белчовска

Закрепнува Иле Стрезоски кој доби срце од почината  Верица Белчовска

Иле Стрезоски од Брвеница кој доби срце од почината девојка Верица Белчовска од Берово, се чувствува добро и полека заздравува на Клиниката за кардиохирургија.

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска го посети и објави фотографија на својот Фејбук профил.  Починатата Белчовска (20) е донорот на срце за ова младо момче. Таа почина откако 18 годишен возач ја прегази на пешачки премин во Струмица. 

„Неполни два дена по операцијата која му го спаси животот, младиот Иле полека заздравува на Клиниката за кардиохирургија. Бескрајно благодарен на тимот на лекари кои помогнаа да добие нова шанса за живот и пред се на семејството на младата девојка чие срце денес чука во неговите гради. Му посакувам што поскоро да закрепне и да се врати дома кај неговото семејство", напиша Филипче на Фејсбук.

Филипче, денеска имаше средба со семејството на Верица Белчовска, кое одлучи да ги дарува органите на прерано починатата девојка, со што се спасени неколку животи.

Општина Берово, како што соопшти градоначалникот Звонко Пекевски, ќе преземе  мерки, со цел на семејството на Верица да му се пружи најголемата институционална поддршка.

Слично

Поврзани вести