Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАКРЕПНУВА ДОБРО: Разговор со пациентот на кој му беше трансплантирано срце

ЗАКРЕПНУВА ДОБРО: Разговор со пациентот на кој му беше трансплантирано срце

Сам во болничка соба под постојан надзор на медицински лица...Иван Огњановски го живее својот втор живот. Овој 54-годишен скопјанец е првиот пациент што доби срце од починат донор. Во градите на Иван повеќе од 40 дена чука срцето на Емилија Динева, чие семејство и покрај големата загуба одлучи да спаси човечки живот. Секој ден на ехо ги слуша отчукувањата, објави Сител.

 -Тоа го гледам скоро секој ден..На ехо ме ставаат слушам дека не е пластика или некоја играчка, вели Иван Огњановски.

Единствен спас за Иван била трансплантација на срце. Пред да биде изведена оваа сложена интервенција, му се слошило и се разбудил во болница. Знаел дека е прв пациент на кого ќе работи бројниот медицински тим, но му верувал на кардиохирургот Јовев дека ќе успеат.

-Др. Јовев ме предупреди..нема мрдање нигде, денес ќе го добиеш срцето. Беше решен дека ова ќе успее, вели Иван.

Целата сторија на Сител

Слично

Поврзани вести